• македонски јазик
  • English
    • ЕВРОПСКА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА
      на Северна Македонија
      ЕВРОПСКА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА

    ЕПА Македонија

    Европска полициска асоцијација на сите припадници на Министерството за внатрешни работи им го честита 7-ми Мај, Ден на Македонската полиција!

    Нека е за многу години празникот!

    FRATERNITAS!

    ИЗВЕСТУВАЊЕ

    Известување за сите членови и симпатизери на ЕПА Макединија.


    На ден 05 Април 2024 се одржа Генерално Собрание на ЕПА во Брисел. Како претставници на тоа собрание од Македонска страна земаа учество Делегатот од Македонија г-дин Жарко Даилоски, и Директорите на ЕПА Македонија г-дин Ернест Дамјановски, г-дин Андреј Поп Стојанов и г-дин Сашо Поповски.


    На ден 04 Април 2024 не пречекаа претсавниците на ЕПА Брисел и за време на првиот ден беше организирана посета на Брисел како запознавање на градот и неговите културно историски споменици, за што посебно сме благодарни на г-дин Андре Децорте И г-дја Лилијан за одличната организација и за посветеното време.


    На ден 05 Април 2024 се одржа Генералното Собрание на ЕПА со претставници на земјите членки. Од страна на Претседателот на ЕПА нашиот Македонски делегат г-дин Жарко Даилоски беше награден со голема плакета на ЕПА, исто така на сите претставници ни беа доделени плакети. Од наша страна исто така беа дадени репрезентативни подароци за делегатите на ЕПА. На годишното собрание беа разгледувани неколку точки за работата на ЕПА претставени од Претседателот на ЕПА г-динот Паул Цирино. Претседателот со неговото претставување и по одобрување на записникот ни даде опис и детално известување за работните состојбите со сметките, како и управувачките состојби со бордот на Директорите на ЕПА и извештаи од ревизиската куќа, како и измени и дополнивања на статутот на ЕПА. Потоа запознавање со кодот (ЦСА) кој резултира со законот од 23 Март 2019 во Белгија. И како последна точка беше забелешки, мислења и произнесувања на сите претставници кои земаа збор. По успешно завршување на Генералното Собрание беше организиран свечен коктел и ручек од стана на Претседателот на Епа г-динот Паул Цирино.


    Со ова учество на Годишното Собрание на ЕПА нашата ЕПА Македонија официјално ги постигна и достигна целите и задачите на организацијата кое беше препознаено од цела ЕПА и допринесе за подобро запознавање и работа помеѓу сите членки држави на ЕПА. 




    Уште еднаш голема благодарност на ЕПА Брисел за одличната организација и професионалната работа со организацијава.

    ЗА НАС

    Околу 2 милиони полицајци во моментов работат во Европската унија. Без разлика дали се припадници на федерални, национални, локални или регионални полициски сили, жандармерии, царински или финансиски услуги, итн., огромното мнозинство од овие полицајци немаат контакт со своите европски колеги.

    Само неколку специјалисти разменуваат информации и можат, во некои случаи, ефективно да учествуваат во европските безбедносни проекти.

    Меѓутоа, темпото на технолошките иновации и европскиот законодавен напредок, имплементацијата на договорите и органите за полициска соработка, се забрзува од година во година, објавувајќи фундаментални промени за идните полициски и царински обуки и работни услови. Не заборавајќи ја Европската програма за истражување на безбедноста (ESRP), која има за цел да го затвори технолошкиот јаз во ЕУ и подобро да ги координира напорите за гарантирање на безбедноста на европските граѓани.

    Оттука е важноста полициските службеници да можат систематски да го следат овој напредок и да се консултираат меѓусебно врз основа на сопственото искуство, накратко, да разменат што е можно повеќе корисни информации. Токму ова е целта што ја следи ЕПА преку заедничката европска платформа што ја сочинува оваа страница и нашето списание „ЕПА МАГ“.

    Уживајте во вашата посета.

    ОДБОР

    Жарко ДАИЛОСКИ
    Делегат за ЕПА Македонија

    Дејан Хаџи КРСТЕСКИ
    Директор за односи со меѓународни, државни и невладини институции и организации

    Сашо ПОПОВСКИ
    Директор за Безбедност

    Андреј ПОП-СТОЈАНОВ
    Директор за логистика

    ЕВРОПСКА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ